Сите приколки од 751 кг до 3.500 кг спаѓаат во групата на О2 категорија. При што за да се управува оваа приколка потребно е возачот да има Б + Е или Е категорија. Воедно, оваа приколка потребно е да се регистрира, си добива посебна сообраќајна и посебен зелен картон. По регистрација на приколата, таа може да биде управувана од кое било влечно моторно возило.