ДОГОВОР ПОМЕЃУ КРАЈНИОТ КОРИСНИК и ДППУ МЕТФИЛ ДООЕЛ
Добројдовте на веб-страницата www.prikolki.mk, која нуди интерактивност преку интернет страницата на доменот www.prikolki.mk, со која управува ДППУ Метфил Дооел Кочани (во понатамошниот текст кога се спомнуваат заедно – Метфил Дооел). Услугата се состои од давање на информациски услуги, како и управување со содржината.

Под поимот „Интернет страници“ во овие Услови за користење се подразбираат сите интернет страници кои се наоѓаат во доменот www.prikolki.mk. Со користењето на овие интернет страници односно услугите кои се наведени, Вие изјавувате дека сте запознаени и согласни со изнесените услови за користење и правила, информациите и известувањата кои се објавени. Доколку не сè согласувате со наведените услови за користење и правила, Ве молиме да се воздржите од употребата на овие интернет страници.
Сите интернет страници кои се наоѓаат во доменот www.prikolki.mk се од некомерцијален карактер и се наменети за објавување на информации, документи и услови. Воедно сите содржини кои што се објавени ни истите интернет страници се заштитени со исклучителни авторски права од страна на ДППУ Метфил Дооел.

1. Општи одредби
Овие услови за користење ги пропишуваат условите и правилата кои се однесуваат на користењето на интернет страниците на www.prikolki.mk од страна на крајните корисници. Со користењето на овие интернет страници (освен при првото читање на овие услови), крајните корисници изјавуваат дека се согласуваат со тука изнесените услови и правила и согласни се со користењето на интернет страниците на www.prikolki.mk во согласност со нив. Правото на користење на овие интернет страници е лично право на Крајниот корисник и не може на ниту еден начин да се пренесе на други физички или правни лица. Крајниот корисник е запознаен со фактот дека иако интернетот е општо сигурна околина, понекогаш доаѓа до прекин на услугите или до настани кои се надвор од контролата на друштвото Метфил Дооел. Според тоа, Метфил Дооел не може да биде одговорен за какво било губење на податоци до кои може да дојде за време на преносот на информациите на интернет. Иако целта на друштвото Метфил Дооел е овие интернет страници да ги направи достапни 24 часа дневно и тоа 7 дена во неделата, интернет страниците понекогаш можеби нема да бидат достапни од која било причина, вклучувајќи и нивно рутинско одржување. Пристапот на интернет страниците понекогаш може да биде во прекин, привремено недостапен или исклучен.

Метфил Дооел го задржува правото во кое било време да го измени или укине кој било сегмент од своето работење, вклучувајќи, но неограничувајќи се на содржината, времето на достапност, како и опремата потребна за пристап и користење на страниците. Понатаму, Метфил Дооел може да престане да испраќа којбило дел од информацијата или којбило вид на информација, може да промени или да укине каков било начин на пренос на податоци, да ја промени брзината на пренос на податоците, како и која било нивна друга карактеристика.

ОГРАНИЧУВАЊЕ НА ЛИЧНО, НЕКОМЕРЦИЈАЛНО КОРИСТЕЊЕ
Овие веб-страници се наменети за корисниците за лична, некомерцијална употреба. Не е дозволено менување, копирање, репродукција, дистрибуција, трансформирање, прикажување, објавување или на кој било друг начин пренесување и продавање на која било информација, услуга или производ кој е објавен на овие страници, без претходна писмена дозвола од ДППУ Метфил Дооел.

СОПСТВЕНОСТ НА СОДРЖИНИТЕ
Содржините на овие веб-страници се сопственост на ДППУ Метфил Дооел, 2300 Кочани, ул. Кеј на Револуцијата бр. 22, освен дел од фотографиите кои се користат во комерцијални цели, а на барање на авторот или сопственикот ќе бидат повлечени од страниците (доколку не сè постигне друг договор).

ОГРАНИЧУВАЊЕ НА ОДГОВОРНОСТА
Информациите на овие страници се сметаат за исправни во моментот на внесување. Сите податоци редовно ќе се прегледуваат, а евентуалните грешки веднаш ќе се отстрануваат. ДППУ Метфил Дооел го задржува правото да ги менува податоците на овие страници без посебно известување.

ЗАБРАНЕТО ИЛЕГАЛНО КОРИСТЕЊЕ
Со користењето на овие веб-страници се обврзувате добиените информации да не ги користите за забранети нелегални цели и дејствија.

ЛИНКОВИ НА СТРАНИ НА ТРЕТИ ЛИЦА
Овие страници можат да содржат „линкови“ на страници на други фирми и лица. Тие линкови се само за Ваша информација, а ДППУ Метфил Дооел не носи одговорност за точноста на информациите и содржината на тие страници.

ПРОМЕНА НА ОВИЕ И ДРУГИ УСЛОВИ НА РАБОТЕЊЕ
Метфил Дооел го задржува правото во кое било време и без претходно известување, доколку тоа го смета за потребно, да укине или да измени кој било од овде наведените услови за користење и/или изјава за доверливост на податоците. Напоменуваме дека доколку дојде до измена на Условите за користење на Изјавата за заштита на личните податоци и Вие продолжите да ги користите нашите интернет страници, се подразбира дека ги прифаќате Условите за користење и Изјавата за заштита на личните податоци кои се важечки во моментот. Каква било измена или бришење на условите и правилата на користење ќе стапи на сила веднаш откако ќе биде објавена на страниците. Какво било користење на овие интернет страници од страна на Крајниот корисник по таквата објава ќе се подразбира како прифаќање на тие измени.

ДППУ Метфил Метфил го задржува правото да ги менува условите за користење на веб-страниците и другите услови на работење. Промените не сè однесуваат на веќе купените и наплатени производи.

ДОПОЛНИТЕЛНИ НАПОМЕНИ
ДППУ Метфил Дооел ќе се труди да ја проверува точноста на податоците на овие страници и да ја проширува својата понуда.