Често поставувани прашања:

Со текот на работењето тимот на prikolki.mk наиде на неколку најчесто поставувани прашања од своите корисници. Со цел да им излеземе во пресрет на нашите корисници, најчесто поставуваните прашања ги собравме на едно место и тука ги објавуваме заедно со одговори.

Која е разликата помеѓу приколки под и над 750 кг?
Сите приколки коишто се до 750 кг спаѓаат во групата на О1 категорија и и можат да се регистрираат на два начини: 1. Со трета таблица и 2. Со посебна таблица и сообраќајна. За да може сопственикот да ја управува приколката потребно е да има Б категорија. Додека пак приколките од 751 кг до 3.500 кг спаѓаат во групата на О2 категорија. При што за да се управува оваа приколка потребно е возачот да има Б + Е или Ц + Е категорија. Приколката се регистрира, добива посебна таблица,сообраќајна и зелен картон. Воедно, по регистрација на приколата, таа може да биде управувана од кое било влечно моторно возило и возило со странски таблици.

Доколку имам купено приколка до 750 кг т.е. О1 категорија можам да ја возам приколката на кое било моторно возило?
Постојат два начина за управување на овој тип на приколка. Доколку побарате само трета таблица за приколката, тогаш може исклучиво да ја влечи она моторно возило за кое се бара трета таблица и го користи истиот зелен картон од вечното возило. Но, доколку приколата ја регистрирате, добивате посебна таблица, сообраќајна и зелен картон и на тој начин приколата може да биде управувана од кое било влечно моторно возило и возило со странски таблици.

Каде се произведени приколките? Македонија или во странство?
Ние сме генерални увозници за приколки во Р. Македонија. Целиот наш асортиман е застапен со приколки коишто се произведени и изработени со врвни и високо квалитетни материјали од Германија и Полска.

Дали имате приколки на лагер за да се видат во живо или само каталошка продажба?
Сите приколки кои што ги имаме на нашата веб-страница ги имаме на лагер, но некогаш може да се случи некоја прикола да треба да се нарача накнадно или за специфични барања според каталог. Но, доколку имате изберено некоја прикола, којашто сакате да ја купите можете слободно да нѐ контактирате и нашиот тим ќе Ви даде точни и навремени информации за состојбата на приколките.

Каде се наоѓате?
Авто плац Метфил е со локација во индустриската зона во Кочани односно на ул. Украинска бб, 2300 Кочани. За најточна локација можете да проверите на Google Map на нашата веб-страница во делот „Контакт“.

Каква осовина имаат приколките?
Сите приколки кои што ги нудиме во нашиот асортиман се со германска осовина односно од фирмите Knott и AL-KO.

Од која фирма се користат шепите за приколките?
Приколките имаат шепи од германската фирма Knott и Winterhof.

Дали имате резервни делови за сите приколки кои што ги продавате?
Нашата компанија продава приколки и резервни делови за секој тип, којшто фабриките го имаат произведено. Не треба да имате потреба од грижа, дали и од каде можете во иднина да набавите резервен дел за Вашата приколка.

Дали приколките имаат гаранција?
Со секоја купена приколка ние Ви издаваме гаранција.

Кои документи се добиваат за приколката?
Секој клиент на нашата фирма добива комплетна документација за приколката. По купувањето на приколката заедно со документацијата потребно е да појдете до соодветниот орган за изготвување на трета таблица или сообраќајна, во зависност од која категорија имате купено приколка.

Дали треба да се прави АТЕСТ за приколката?
Не, клиентот не треба да прави атест за приколката, бидејќи ние го имаме веќе направено тоа за Вас.

Дали приколите се со ISO сертификат?
Да, секој бренд којшто го застапуваме е со сертификат за квалитет т.е. ISO 9001:2008 издаден од DEKRA.

Дали приколите имаат COC (Certificate of Conformity) документ?
Да, секоја приколка поседува COC документ.

Дали приколките имаат хомологација?
Да, секоја приколка има хомологација т.е. изјава за сообразност издадена од надлежните органи на Р. Македонија.

Не го најдовте одговорот на вашето прашање? Слободно контактирајте нѐ со испраќање е-пошта на kontakt@prikolki.mk или на телефонските броеви 033/297 – 348, 070/398 – 715 или 078/201 – 949.

Со почит,
Тимот на Prikolki.mk