Благодарение на големата желба за развивање на иновативни и уникатни идеи поттикна (вроди плод) кон потпишување на договор за генерално застапништво на германскиот бренд за приколки од производителот STEMA Metalleichtbau GmbH.
Фабриката STEMA е основана пред речиси 70 години и е бренд со над 350 различни модели, кои се карактеризираат со висок квалитет, модерен дизајн и професионални материјали. Поради долгогодишното искуство во производство, постојани иновации и годишно производство од 48.000 приколки, STEMA е водечки производител на приколки од 350 кг до 3.500кг. Нејзините дела се потврдени со бројни сертификати, пофалници и статистики. Воедно, во 2009 година фирмата ја има произведено својата милионска приколка.