Заштита на лични податоци при посета на интернет страниците на www.prikolki.mk
ДППУ Метфил Дооел Кочани се обврзува да ја заштити приватноста на податоците, вклучувајќи ги и личните податоци на Купувачот од www.prikolki.mk интернет страницата на ДППУ Метфил Дооел Кочани и потврдува дека со нив ќе постапува во согласност со одредбите од Законот за заштита на лични податоци и други позитивни прописи од оваа област валидни во Р. Македонија.
1. Општи одредби
Оваа политика на приватност дава општи информации за начинот на кој ги собираме, одржуваме и управуваме личните податоци, секогаш кога ја посетувате нашата интернет страна и/или користите некоја од нашите административни услуги. Ги собираме само оние лични податоци кои се неопходни за обезбедување нашите услуги. Оваа политика на приватност се однесува само за www.prikolki.mk и поддомените. Доколку е присутен линк кој ќе Ве поврзе со други страни, ние не преземаме никаква одговорност во однос на заштитата на личните податоци која ја обезбедуваат тие интернет страни. Со Политиката за заштита на личните податоци се уредува правото на приватност и сигурност на личните податоци кои се цел на обработка. Ве молиме прочитајте ја Политиката за заштита на лични податоци и повремено проверувајте ја истата за најновите податоци од нашата практика за приватност. Со пристaпување или со користење на нашата интернет страница се согласувате со сите услови дефинирани во оваа Политика за заштитa на лични податоци и Условите за користење на нашата интернет страница. Ве молиме, внимателно да ја прочитате оваа политиката за заштита на личните податоци. Со пристапот или користењето на нашите интернет страници, потврдувате дека сте ги прочитале и разбрале и дека се согласувате со сите услови за заштита на личните податоци и со начините на користење на нашите интернет страници. Доколку не се согласувате со овие услови, напуштете ја нашата интернет страница, не пристапувајте и не ја користете оваа интернет страница.
Податоците кои ги собираме се чуваат кај нас, притоа нема да се објавуваат, продаваат или доставуваат на трета страна освен на надлежните органи на начин определен со законските прописи на Република Македонија. ДППУ Метфил Дооел го задржува правото да ги користи IP aдресите и другите податоци на корисниците за откривање на нивниот идентитет во случај на спроведување на законот и законските постапки.
Малолетни лица не смеат да даваат лични податоци без одобрение од нивните родители или старатели и се обврзуваме дека нема намерно да собираме или користиме податоци од малолетни лица. Ги преземаме сите заштитни мерки за заштита на личните податоци на купувачите со цел да се минимизира ризикот од неовластен пристап и злоупотреба на истите.
2. Измена на условите
Оваа политика за заштита на личните податоци можеме да ја измениме во кое било време со објавување на изменетиот текст на политиката за заштита на личните податоци во делот „Политика за приватност“ на нашите интернет страници. Измените на политиката за заштита на личните податоци стапуваат на сила веднаш по објавата на овие интернет страници. На секој Корисник паѓа одговорноста периодично да ја прегледа оваа Интернет страница и да ја проучи измената на политиката за заштита на личните податоци. Продолжувањето на користењето на оваа Интернет страница од ваша страна, по стапувањето на сила на таквите измени, подразбира дека ги потврдувате и прифаќате сите услови на така изменетата изјава за заштита на личните податоци.
3. Категории на податоци кои се обработуваат
- Податоци за навигација
- При посетата на нашата интернет страница серверот, за секој посетител креира логови со следниве податоци:
- Вашата интернет протокол (IP) адреса;
- Уредот од кој пристапувате, вид и модел;
- Вашиот оперативен систем;
- Видот на пребарувачот, plugins и верзија;
- Страните кои ги посетувате на нашата интернет страница и времето кое го минувате на секоја страна;
- URL на страната која ве префрлила на нашата интернет страница и во некои случаи, термините кои сте ги користеле во обидот да ја најдете страната;
- Јазикот на пребарувачот кој го користите;
- Држава (се одредува преку IP адресата).
- Серверските логови автоматски се бришат во рок од 15 дена, освен доколку околностите налагаат подолго задржување, на пример, за да се истражи вирус или злонамерен напад.
Самостојно ги одржуваме серверите и сите активности на интернет страницата ги спроведуваме интерно, вклучувајќи ги логовите кои се креираат и анализирањето на податоците кои се пренесуваат од посетите на нашата интернет страница.
4. За кои цели се користат собраните податоци и информации?
Вашите лични податоци ги обработуваме:
– За администрирање на содржината, промоциите, анкетите и други функционалности на страницата, а се со цел да го подобриме нејзиниот квалитет и услугите што ги нуди.
Вашите лични податоци нема да се обработуваат за ниту една друга цел, освен за целта заради која се собрани. Обработка на Вашите лични податоци за друга цел, може да се врши единствено врз основа на Ваша претходна согласност.
5. Собирање и видови на лични податоци
Ние собираме два вида на лични податоци за Корисниците на нашите интернет страници: лични (идентификациски) податоци и не-лични (идентификациски) податоци.
5а. Лични (идентификациски) податоци
Лични идентификациски информации се информации кои го идентификуваат специфичниот крајниот корисник. Кога ќе се вклучите во одредени активности на нашите Интернет страници, како што се нарачување на производи или услуги од нас или од нашите партнери, објавување на содржини и/или објавување на текстови на форуми, учествување во наградни игри или томболи кои ги спонзорираме ние или нашите партнери, пополнување анкети, објавување на коментари, праќање на повратни информации до нас или нашите партнери, барање на информации за нашите услуги, јавување на оглас за работа, ставање на видео запис или потпишување на посебни понуди од трети лица преку нашите Интернет страници (во понатамошниот текст кога се споменуваат заедно – идентификациски активности), можеме од Вас да побараме да ни дадете одредени информации за Вас. Вклучувањето во идентификациски активности е опционално. Меѓутоа, доколку се одлучите да се вклучите во некоја идентификациска активност, можеме од Вас да побараме да обезбедите некои лични информации, како што се име и презиме, е-пошта, адреса на живеење и телефонски број. Во зависност од видот на активностите, некои информации, кои бараме да ни се достапни, се одредени како задолжителни, а некои како доброволни. Ако не доставите информација која е задолжителна за одредена активност, нема да Ви биде дозволено вклучување во таа активност.
Ние ги користиме личните идентификациски информации како би Ви понудиле производи и услуги, организирале томбола и наградни игри, унапредиле работата на оваа интернет страница, подобриле нашите огласувачки и промоциски напори, анализирале употребата на интернет страниците на www.prikolki.mk, би ја подобриле нашата понуда на производи и услуги и би го испитале Вашето искуство со трети лица. На пример, ако на нашата служба за корисници испратите е-пошта, ние би можеле да ги користиме Вашите коментари и повратни информации како би можеле другите да ги известиме за нашите услуги и тој ваш коментар можеме да го објавиме на нашите огласувачки материјали на нашата интернет страница. Освен тоа ако ја користите нашата интернет страница за праќање на информации или производи на други личности, можеме да ги зачуваме Вашите лични информации и лични информации на било кој примател. Можеме да ги користиме контакт информациите на таа друга личност како би му/и овозможиле да го прегледа и прифати вашиот подарок или би му овозможиле на тој примател пристап до информациите кои Вие сте ги побарале, а ние сме ги испратиле. Исто така можеме да ги користиме личните идентификациски информации за решавање на проблеми, имплементација на административни задачи, воспоставување контакт со Вас, почитување на договорот со Вас, вклучувајќи ги Услови за користење и политиките за заштита на личните податоци на нашите интернет страници, почитување на соодветните закони и соработка со службите за спроведување на законите.
Ние можеме да ги споделиме Ваши информации и во случај на деловно преземање. Како и кај другите деловни работења, ние можеме да се споиме или нас може да не преземе друго друштво. Ако тоа се случи друштвото следбеник ќе ги добие информациите кои ние ги чуваме, вклучувајќи ги личните идентификациски информации. Меѓутоа личните идентификациски информации ќе останат подложни на оваа политика за заштита на личните податоци.
Ние можеме да ги споделиме Вашите информации со цел за наша заштита и заштита на другите. Ние исто така можеме да ги откриеме личните идентификациски информации кога веруваме дека нивното откривање ќе помогне во спроведување на законот или кога тоа е неопходно како последица на судски налог, дека тоа ќе обезбеди усогласеност со оваа изјава за доверливост на податоци, Условите за користење на нашите интернет страници или други договори; или да се заштити правото на сопственост или сигурноста на овие интернет страници, нивниот корисник или други лица.
5б. Не-лични (идентификациски) податоци
Не-лични податоци се податоци кои не го идентификуваат крајниот корисник. Овој вид на податоци може да вклучат работи како универзален Ресурсен Локатор (“URL”) на интернет страницата која сте ја посетиле пред да дојдете на нашата интернет страница, URL на интернет страницата која сте ја посетиле по напуштањето на нашата интернет страница, типот на пребарувачот што го користите и вашиот Интернет протокол (“IP”) адреса. Ние, може автоматски да ги собереме овие податоци кога ќе ја посетите нашата интернет страница преку употреба на електронски алатки како “Cookies” и Web beacons или Пиксел тагови.
За заштита и безбедноста на Вашите лични лични податоци се користи HTTPS безбедносен протокол при обработка и пренос на информациите до нашите сервери.
Ние ги користиме не-личните идентификациските информации за решавање на проблеми, администрирање на Интернет страницата, анализа на трендовите, прибирање на демографски податоци, анализа на усогласеноста со позитивните прописи и соработка со службите за спроведување на законот. Исто така ние можеме да ги делиме овие информации со нашите овластени даватели на услуги и огласувачи, а како би ја измериле вкупната ефикасност на нашето online огласување, содржина и програмирање.
Ние можеме да откриеме или споделиме не-лични идентификациски информации со Партнерите, Поврзаните друштва и со Огласувачите. На пример, ние можеме да ги споделиме собраните демографски информации (кои не ги вклучуваат личните идентификациски информации) со “Трети огласувачи“ или “Трети агенции за огласување“ и на други лица како што е доле наведено:
Ние користиме Трети агенции за огласување за опслужување на огласите на нашите страници. Овие агенции можат да ги користат не-личните идентификациски информации за Вашите посети на оваа или други интернет страници, со цел преку употреба на мрежни ознаки, да обезбедат огласи за стоки и услуги за кои Вие би можеле да бидете заинтересирани. Ние исто така користиме Трети даватели на услуги за следење и анализа на статистика за употребата и волуменот на не-лични идентификациски информации на нашите Корисници, а со цел за администрирање на нашите интернет страници и постојано подобрување на нивниот квалитет. Ве молиме да имате предвид дека овдека не се работи за лични идентификациски податоци, туку само за сумирани активности на нашите Корисници. Овие податоци се собираат во наше име и според тоа претставуваат наша сопственост и само ние ги користиме.
6. Податоци кои корисниците доброволно ги доставуваат
Единствените лични податоци кои ги прибираме од Вашата посета на нашата интернет страна, се оние кои Вие доброволно ги доставувате за конкретни цели, како на пример. при регистрирање за добивање на известувања за маркетинг цели.
Може да собереме некој од следниве видови на лични податоци: име и презиме, поштенска адреса, контакт телефон, факс, е-пошта и потпис.
Вашите лични податоци ги собираме директно од Вас. Во времето на собирање, ќе бидете информирани за специфичните цели за кои Вашите лични податоци се собираат. Личните податоци ги собираме преку различни канали, вклучувајќи:
- преку Вашето користење на нашата интернет страна, вклучувајќи ги овде формите за аплицирање;
- преку нашите е-пошти
- преку пошта,
- по факс,
7. На кој начин се врши обработката на личните податоци?
Обработката на Вашите лични податоци ДППУ Метфил Дооел ја врши согласно прописите за заштита на лични податоци на Република Македонија, преземајќи ги сите пропишани технички и организациони мерки за обезедување на тајност и заштита при обработката на личните податоци со кои располага. Вработените во ДППУ Метфил Дооел се обврзани да ги чуваат во тајност сите информации (вклучително и личните податоци) до кои ќе дојдат за време на извршувањето на нивните работни задачи. ДППУ Метфил Дооел применува сигурносни мерки при прибирање, чување и процесирање на информациите заради заштита од неавторизиран пристап, промена, откривање или уништување на вашите лични податоци, како и податоци што не се лични, а се складирани на нашата страница. Личните податоци може да се откријат само на надлежни органи во со закон предвидена постапка.
8. Други информации
Имајќи ја предвид природата на Интернетот, треба да се напомене дека при неговото користење пасивно и автоматски се собираат податоци за навиките и преференциите на неговите корисници. При посетата на интернет страницата од корисниците, ДППУ Метфил Дооел може да евидентира и информации поврзани со нив, кои сами по себе не се доволни за да идентификауваат одредено лице и претставуваат статистички показатели кои се користат заради подобрување на квалитетот на интернет страницата. Таквите информации може да ги вклучуваат името на пребарувачот на интернет, типот на компјутерот, како и технички информации за конекцијата што ја користи корисникот при посета на интернет страницата, како што се оперативен систем и испорачувачот на интернет-услугата, IP (интернет протокол) адреси кои се доделуваат од страна на интернет провајдерите и се различни за секој корисник на интернет и слични информации.
9. Колачиња на пребарувачот на интернет
“Cookies” се мали текстуални датотеки кои се снимаат на вашиот компјутер заради следење на движењето на вашиот интернет пребарувач од страна на интернет страницата, но не се поврзуваат со ваши лични податоци кои сте ни ги доставиле. Со помош на ваквите датотеки ДППУ Метфил Дооел го следи движењето на посетителите на страната по неа и на тој начин собира податоци за да се подобри корисничкото искуство и за да ја оптимизира и унапреди функционалноста на интернет страницата. На интернет страницата има само таков тип на “Cookies” што се чуваат на компјутерот на корисникот онолку време колку што има поставено во интернет пребарувачот. Корисниците може да изберат да ги наместат своите пребарувачи на интернет да ги одбијат колачињата. Доколку корисниците ја одберат таа можност, одредени делови од страницата може да не функционираат како што е предвидено.
10. Контакт за прашања поврзани до политиката за приватност
Ве молиме контактирајте нѐ доколку имате какви било прашања во врска со нашата Политика за заштита на лични податоци.
Истото можете да го сторите со испраќање на е-пошта: info@prikolki.mk или можете да ни испратите пошта на следната адреса:
ДППУ Метфил Дооел
Ознака: Политика за приватност
ул. Украинска ББ, 2300 Кочани Македонија