Општи услови за користење на интернет страниците на www.prikolki.mk

1. За интернет страницата
Добројдовте на веб-страницата www.prikolki.mk, која нуди интерактивност преку интернет страницата на доменот www.prikolki.mk, со која управува ДППУ Метфил Дооел Кочани (во понатамошниот текст кога се спомнуваат заедно – Метфил Дооел). Услугата се состои од давање на информациски услуги, како и управување со содржината.

Под поимот „Интернет страници“ во овие Услови за користење се подразбираат сите интернет страници кои се наоѓаат во доменот www.prikolki.mk. Со користењето на овие интернет страници изјавувате дека сте запознаени и согласни со изнесените услови за користење и правила. Доколку не се согласувате со наведените услови за користење и правила, Ве молиме да се воздржите од употребата на овие интернет страници.

2. Општи одредби
Овие услови за користење ги пропишуваат условите и правилата кои се однесуваат на користењето на интернет страниците на www.prikolki.mk од страна на крајните корисници. Со користењето на овие интернет страници (освен при првото читање на овие услови), крајните корисници изјавуваат дека се согласуваат со тука изнесените услови и правила и согласни се со користењето на интернет страниците на www.prikolki.mk во согласност со нив. Правото на користење на овие интернет страници е лично право на Крајниот корисник и не може на ниту еден начин да се пренесе на други физички или правни лица. Крајниот корисник е запознаен со фактот дека иако интернетот е општо сигурна околина, понекогаш доаѓа до прекин на услугите или до настани кои се надвор од контролата на друштвото Метфил Дооел. Според тоа, Метфил Дооел не може да биде одговорен за какво било губење на податоци до кои може да дојде за време на преносот на информациите на интернет. Иако целта на друштвото Метфил Дооел е овие интернет страници да ги направи достапни 24 часа дневно и тоа 7 дена во неделата, интернет страниците понекогаш можеби нема да бидат достапни од која било причина, вклучувајќи и нивно рутинско одржување. Пристапот на интернет страниците понекогаш може да биде во прекин, привремено недостапен или исклучен.

Метфил Дооел го задржува правото во кое било време да го измени или укине кој било сегмент од своето работење, вклучувајќи, но неограничувајќи се на содржината, времето на достапност, како и опремата потребна за пристап и користење на страниците. Понатаму, Метфил Дооел може да престане да испраќа кој било дел од информацијата или кој било вид на информација, може да промени или да укине каков било начин на пренос на податоци, да ја промени брзината на пренос на податоците, како и која било нивна друга карактеристика.

3. Измена на условите
Метфил Дооел го задржува правото во кое било време и без претходно известување, доколку тоа го смета за потребно, да укине или да измени кој било од овде наведените услови за користење и/или изјава за доверливост на податоците. Напоменуваме дека доколку дојде до измена на Условите за користење на Изјавата за заштита на личните податоци и Вие продолжите да ги користите нашите интернет страници, се подразбира дека ги прифаќате Условите за користење и Изјавата за заштита на личните податоци кои се важечки во моментот. Каква било измена или бришење на условите и правилата на користење ќе стапи на сила веднаш откако ќе биде објавена на страниците. Какво било користење на овие интернет страници од страна на Крајниот корисник по таквата објава ќе се подразбира како прифаќање на тие измени.

4. Опрема
Крајниот корисник е одговорен за набавката и одржувањето на својата компјутерска опрема, вклучувајќи го целокупниот софтвер и хардвер кој го поседува и кој го користи, како и друга опрема, која е потребна за пристап и користење на овие интернет страници, како и поврзаните трошоци со сето тоа. Метфил Дооел не е одговорен за какво било оштетување на опремата на Крајниот корисник, која може да настане како последица од користењето на овие интернет страници.

5. Однесување на Крајниот корисник
Овие интернет страници, како и коибило други страници, сега или подоцна содржани или на друг начин достапни по пат на надворешни линкови со интернет страниците на www.prikolki.mk се приватна сопственост. Целокупната меѓусебна комуникациија и интеракција која се одвива преку овие интернет страници мора да биде во согласност со овие Услови за користење. Иако ја поддржуваме и поттикнуваме комуникацијата и меѓусебната интеракција на корисниците преку интернет страниците на www.prikolki.mk, бараме и очекуваме од сите корисници, сите нивни активности во врска со користењето на овие интернет страници да бидат во согласност со позитивните прописи на Република Македонија.

Крајните корисници не смеат преку овие интернет страници да објавуваат или пренесуваат какви било материјали кои ги загрозуваат или на кој било начин ги кршат правата на другите, каковбило материјал кој по својата природа е незаконски, загрозувачки, навредлив, клеветнички, кој ја нарушува или загрозува приватноста, кој е вулгарен, расипан или на друг начин непожелен во одмерената комуникација, кој поттикнува на противправни активности или на друг начин крши каков било пропис и кој без изречно, претходно и писмено одобрение на друштвото Метфил Дооел содржи огласување или понуда на чии било производи и услуги. Какво било однесување на Крајните корисници, кое по дискрециона оцена на друштвото Метфил Дооел го ограничува или оневозможува кој било друг Краен корисник во користењето или уживањето во овие интернет страници строго е забрането. Крајниот корисник не смее да ги користи овие интернет страници за огласување или изведување на каква било комерцијална, верска, политичка или некомерцијална пропаганда, вклучувајќи повикување на корисниците на овие интернет страници на тоа да станат членови на друга online или offline услуга, која представува директна или индиректна конкуренција или потенцијална конкуренција на друштвото Метфил Дооел.

6. Интелектуална сопственост
Сите материјали кои се наоѓаат на www.prikolki.mk интернет страниците се екслкузивно право на друштвото Метфил Дооел или се користат со изрично одобрение на носителот на авторските права и на носителите на трговските марки и/или дизајни. Какво било копирање, дистрибуција, пренос, објавување, поврзување, длабинско поврзување или на друг начин менување на овие интернетски страници без изрично писмено одобрение од друштвото Метфил Дооел строго е забрането! Какво било кршење на овие услови, кое може да има како последица повреда на авторските права, правото на трговска марка или право на кој било друг облик на интелектуална сопственост може да доведе до покренување на граѓански или трговски постапки и/или до кривичен прогон против сторителот. Овие интернет страници содржат материјали заштитени со авторско право, трговска марка, дизајн и други информации кои се покриени со други права на физички и правни лица, вклучувајќи, но неограничувајќи се на текстови, софтвер, фотографии, видео материјали, графика, музика, звук, како и целокупната содржина на интернет страниците на www.prikolki.mk, а во согласност со прописите на Република Македонија. Метфил Дооел е носител на авторските права во врска со изборот, координацијата, поставувањето и унапредувањето на таквата содржина, како и на правата во врска со оригиналната содржина.

Крајниот корисник не смее да: менува, објавува, пренесува, учествува во преносот или продажбата, преработува или адаптира или на кој било начин да користи која било содржина, во целост или делумно. Крајниот корисник може да ги презема, печати и подготвува материјалите заштитени со авторско право само со цел за своја сопствена употреба. Не е дозволено копирање, редистрибуција, повторен пренос, издавање или комерцијално искористување на преземениот материјал без изрично писмено одобрение на друштвото Метфил Дооел и носителот на авторското право.

Крајниот корисник нема на овие интернет страници да поставува, објавува или на друг начин да прави достапен каков било материјал кој подлежи на авторско право, трговска марка или други права на интелектуална сопственост, без изрично одобрение на носителите на тие права. Метфил Дооел нема никаква обврска да го известува Крајниот корисник или да му помага во одредувањето на тоа дали некој материјал подлежи на авторско право. Крајниот корисник е едиснтвено и исклучиво одговорен за штетата која може да настане со повредата на авторските права, злоупотребата на трговската марка и на други права на интелектуална сопственост или какви било проблеми настанати во врска со објавувањето на таков материјал. Со поставувањето на материјал на кој било, јавно достапен дел, на овие интернет страници, Крајниот корисник гарантира дека носителот на правата на тие материјали изрично му дава на друштвото Метфил Дооел бесплатно, временски неограничено, неповратно, не-ексклузивно право и лиценца за користење, репродукција, модифицирање, прилагодување, објавување, преведување и дистрибуција на таквиот материјал (делумно или во целост) на подрачјето на целиот свет. Крајниот корисник исто така им дава на другите крајни корисници право на пристап, прегледување, подготовка или репродукција на тој материјал за нивна сопствена употреба. Со тоа Крајниот корисник му дава право на друштвото Метфил Дооел да го менува, копира, објавува и дистрибуира кој било материјал, кој Крајниот корисник ќе го направи достапен на овие интернет страници.

Преземањето на информации, податоци и слики, нивна дистрибуција, пренос или користење на линкот од интернет страницата prikolki.mk на Метфил Дооел е забрането. Употребата на истите е можна само за некомерцијални цели и лична употреба надвор од дозволеноста за каква било злоупотребата на податоците и опциите кои ги нуди интернет страницата на Метфил Дооел.

7. Изјава за гаранција и ограничување на одговорноста
Крајниот корисник изрично се согласува дека користењето на овие интернет страници е исклучиво на одговорност на крајниот корисник. Ниту Метфил Дооел, нејзините подружници, како ниту еден од нивните вработени, агенти, трети даватели на услуги или лиценцирани друштва не гарантираат дека користењето на овие интернет страници нема да биде прекината или дека ќе биде без грешки; ниту гарантираат за (1) последиците кои можат да настанат со користењето на овие интернет страници или (2) за точноста, сигурноста или содржината на било која информација, услуга или стока дадена преку овие интернет страници.

Оваа изјава за одговорност се однесува на сите штети или можни повреди причинети со какви било лоши особини, грешка, исклучок, прекин, бришење, дефект, каснење со работата или преносот, компјутерски вирус, прекин на комуникациска линија, кражба, уништување или неовластен пристап, промена или злоупотреба на записите, раскинување на договор, несоодветно однесување, небрежност или со кое било друго дејство. Крајниот корисник изрично потврдува дека друштвото Метфил Дооел не е одговорно за навредливо, несоодветно или противзаконско однесување на другите корисници или трети лица и дека ризикот од штетата која може да настане како последица на наведеното во потполност лежи на
крајниот корисник.

Во ниту еден случај друштвото Метфил Дооел или друго физичко или правно лице вклучено во создавањето, производството или дистрибуцијата на овие интернет страници или со нив поврзана содржина, како и кој било софтвер, нема да бидат одговорни за каква било штета која може да настане како последица од користењето или заради неможност за користење на овие интернет страници. Крајниот корисник изрично потврдува дека условите од ова поглавје се однесуваат на целокупната содржина на овие интернет страници. Со претходно наведените услови, ниту друштвото Метфил Дооел, ниту неговите подружници, даватели на информации или партнери кои ја уредуваат содржината, нема да бидат одговорни, без оглед на причината или траењето, за која било грешка, неточност или други недостатоци, несоодветност или неизворност, на информациите кои се наоѓаат на овие интернет страници, како и за какво било доцнење или прекин во преносот на информациите до крајниот корисник, за какво било побарување или загуба кои произлегуваат од тоа. Ниту една од горенаведените страни нема да биде одговорна за какви било побарувања или загуби на трети лица, вклучувајќи и изгубена заработка.

Друштвото Метфил Дооел не е одговорна за каква било содржина која корисникот, претплатникот или неовластениот корисник може да ја постави на овие интернет страници. Каква било содржина која е поставена, а која е или може да се смета за несоодветна може во секој момент да биде отстранета од страна на друштвото Метфил Дооел. Метфил Дооел го задржува правото на измена, прилагодување, бришење или отстранување на која било содржина за која ќе оцени дека е несоодветна.

8. Надзор
Метфил Дооел има право, но не и обврска, во секој момент да врши надзор над содржината на овие интернет страници, вклучувајќи и која било chat соба и форум кои би можеле да бидат содржани како дел на овие интернет страници, а со цел да се обезбеди усогласеност и почитување на овие Услови за користење, како и на коибило други правила пропишани од страна на друштвото Метфил Дооел, како и усогласеност со кој било соодветен закон, пропис или друг акт. Без ограничивање од претходно наведените ставки, Метфил Дооел го задржува правото на отстранување на кој било материјал, за кој според сопствената дискрециона оценка ќе најде дека не е во согласност со тука поставените правила или за кој ќе најде дека е дискутабилен на друг начин.

9. Приватност
ДППУ Метфил Дооел Кочани се обврзува да ја заштити приватноста на податоците, вклучувајќи ги и личните податоци на Купувачот од www.prikolki.mk веб-страницата на ДППУ Метфил Дооел Кочани и потврдува дека со нив ќе постапува во согласност со Законот за заштита на лични податоци и други позитивни прописи од оваа област валидни во Р. Македонија.

Основните правила за собирање, користење и заштита на податоците на сите посетители на www.prikolki.mk веб-страницата на ДППУ Метфил Дооел Кочани, се наведени во Политиката за приватност, која исто така е објавена на веб-страницата на ДППУ Метфил Дооел Кочани, www. prikolki.mk. Во рамките на оваа Политика за приватност се утврдува кои податоци се собираат за време на посетата и како тие се користат.

При посетата на веб-страницата www. prikolki.mk, ДППУ Метфил Дооел Кочани не врши автоматско прибирање на лични податоци, освен во случаи кога Купувачот доброволно ќе ги внесе овие информации, на пример, доколку за купопродажба на одредени производи и услуги внесот на лични податоци е задолжителен, во случај на учество во анкети, дополнителни маркетинг активности или барања за информации од страна на ДППУ Метфил Дооел Кочани.

Приниципите наведени во Политиката за приватност се применуваат за заштита на податоците на сите посетители на веб-страницата на ДППУ Метфил Дооел Кочани, www. prikolki.mk, вклучувајќи ги и Купувачите на производи и услуги од веб-страницата на ДППУ Метфил Дооел Кочани, www. prikolki.mk. Политиката за приватност не се однесува на посетителите на други веб-страници до кои се пристапува преку веб-страницатa на ДППУ Метфил Дооел Кочани. Доколку е присутен линк кој ќе Ве поврзе со други страни, ние не преземаме никаква одговорност во однос на заштитата на личните податоци која ја обезбедуваат тие интернет страници. ДППУ Метфил Дооел Кочани не ги прегледува веб-страниците на кои преку линк се пристапува до оваа страница и другите наши страници и не е одговорна за содржината на веб-страниците освен сопствената, ниту пак за содржината на веб-страниците кои упатуваат на нејзината веб-страница.

За технички ненамерни грешки, неправилен опис на производите кои би можеле да се појават на веб-страницата на www.prikolki.mk однапред се извинува и не првземаме никаква одговорност. ДППУ Метфил Дооел Кочани го задржува правото да го смени дизајнот на целокупната веб-страница без претходна најава.

Крајниот корисник потврдува дека сите дискусии, оцени, коментари, приватни пораки, chat соби и/или други начини на праќање на пораки или меѓусебно комуницирање (во понатамошниот текст – Заедници) се од јавна, а не од приватна природа, и според тоа членовите на Метфил Дооел можат да вршат надзор над комуникациите на Крајниот корисник без нивно знаење и експлицитна дозвола. Со оглед на тоа дека Метфил Дооел не ја контролира или авторизира содржината, пораките или информациите кои можат да се најдат во која било од Заедниците специфично негира каква било одговорност во врска со Заедниците и за какви било дејствија кои се последица на учеството на Крајниот корисник во која било од Заедниците, вклучувајќи ја одговорноста за можни спорни содржини. Каква било комуникација, која Крајниот корисник ќе ја објави на веб-стрната www.prikolki.mk на Метфил Дооел (било да се работи за chat соба, група за дискусија, форум или слично) се смета дека не е доверлива.

Доколку определени веб-страници дозволуваат објавување на комуникации кои Метфил Дооел ги третира како доверливи, тој факт ќе биде наведен на тие страници. Со објавувањето на коментарите, пораките или други информации на оваа интернет страница, Крајниот корисник му дава на друштвото Метфил Дооел право на користење на тие коментари, пораки или други информации со цел за промоции, огласувања, истражување на пазарот или за која било друга правно дозволена намена. За повеќе информации погледнете ја Политиката за приватност на друштвото Метфил Дооел и страниците www.prikolki.mk.

10. Лиценцирање
Со објавување на или преку овие интернет страници, Крајниот корисник на друштвото Метфил Дооел му дава бесплатна и правно важечка, неповратна и не-ексклузивна лиценца за користење, репродукција, менување, објавување, прилагодување, преведување, дистрибуција, спроведување и прикажување на таа комуникација, сама или како дел на поголема целина, во кој било облик, на кој било медиум или преку која било технологија, позната или подоцна развиена, како и делење на таквите права со повеќекратни делители на таа лиценца.

11. Надомест на штета
Крајниот корисник се согласува дека ќе го обештети и нема да го смета за одговорно друштвото Метфил Дооел, неговите подружници, нивните одговорни лица, вработени и агенти, за сите побарувања за надомест на штета и трошоци, вклучувајќи ги трошоците за правно застапување, а кои можат да настанат со користењето на овие интернет страници од страна на Крајниот корисник.

12. Трговски марки
Метфил Дооел по однос на оваа трговска марка со тоа се изрично задржани. Доколку не е поинаку наведено, сите други трговски марки кои се појавуваат на системот на Метфил Дооел се интелектуална сопственост на нивните носители.

Веб-страницата prikolki.mk содржи заштитен материјал, авторски права, трговска марка и други сопственички информации, вклучувајќи ги, но не ограничувајќи се на текст, софтвер, слики, видео, графика, музика и звук. Се што се наоѓа на оваа веб-страницата prikolki.mk е во ексклузивна сопственост на Метфил Дооел. Prikolki.mk има авторско право над селекцијата, одбирање, координацијата или модификација на содржината како и во содржината која оригинално ја поседува. Prikolki.mk има авторско право над фотографиите кои се во негова сопственост, како што се фотографиите кои се фотографираат за целите на понудите од фотографер на prikolki.mk. СЕКОЕ КОПИРАЊЕ, ДИСТРИБУИРАЊЕ, ПРЕНЕСУВАЊЕ, ПОСТИРАЊЕ, ПОСТАВУВАЊЕ ЛИНКОВИ, МОДИФИЦИРАЊЕ, УЧЕСТВУВАЊЕ ВО ПРОДАЖБА, ИЛИ НА ДРУГ НАЧИН МОДИФИЦИРАЊЕ НА ОВAA ВЕБ-СТРАНИЦА ИЛИ НЕКОЈА ОД МИКРОСТРАНИТЕ, ИЛИ НА КОЈ БИЛО ДРУГ НАЧИН КОРИСТЕЊЕ НА СОДРЖИНАТА, ДЕЛУМНО ИЛИ ЦЕЛОСНО БЕЗ ИЗРЕЧНА ПИСМЕНА ДОЗВОЛА ОД ДППУ МЕТФИЛ ДООЕЛ Е СТРОГО ЗАБРАНЕТО. Секое прекршување на оваа политика може да резултира со прекршоци на авторските права, трговската марка или друга интелектуална сопственост и може да го доведе крајниот корисник до граѓански и/или кривични казни.

Крајниот корисник не смее да прикачува, поставува или на друг начин става на располагање, на овaa веб-страница каков било материјал кој е заштитен со авторски права, трговска марка или друго сопственичко право, без претходна дозвола од сопственикот на авторските права, трговската марка или другото сопственичко право. Метфил Дооел не сноси товар или одговорност, за да му даде на крајниот корисник индикации за да тој да научи дали одреден материјал е заштитен со авторски права или трговска марка. Крајниот корисник е единствено одговорн за каква било штета настаната од секое прекршување на авторски права, трговски марки, сопственички права или кои било други штети што произлегуваат од таквиот поднесок. Со поставувањето на материјал на која било јавна површина на оваа веб-страница, крајниот корисник гарантира дека сопственикот на тој материјал експлицитно му дал не-ексклузивно право и дозвола за употреба, репродукција, прилагодување, право за објавувње, превод и дистрибуција на таквиот материјал на prikolki.mk. Крајниот корисник, исто така, дозволува пристап до тој материјал од кој било друг краен корисник, репродукција и чување од страна на тој корисник за лична употреба. Крајниот корисник тука се согласува дека дава право на кој било друг краен корисник да го копира, модифицира, одјавува и дистрибуира кој било материјал поставен на оваа веб-страница од страна на крајниот корисник.

Prikolki.mk е заштитена трговска марка на ДППУ Метфил Дооел. Сите права во однос на оваа марка се задржани. Доколку не е поинаку назначено, сите други трговски марки кои се појавуваат на prikolki.mk се сопственост на нивните соодветни сопственици.

13. Содржина на трети лица
Метфил Дооел е дистрибутер (а не издавач) на содржините кои ги прибавуваат третите лица и Крајните корисници. Според тоа, Метфил Дооел нема поголема уредувачка контрола над тие содржини од онаа што ја имаат јавна библиотека, книжара или киоск. Какви било мислења, совети, изјави, услуги, понуди или други информации или содржини поставени од трети лица, вклучувајќи и јавни даватели на информации или коибило Крајни корисници, доаѓаат од соодветните автори или дистрибутери, а не од друштвото Метфил Дооел. Ниту Метфил Дооел, ниту кое било трето лице давател на информации не гарантира за точноста, потполноста или корисноста на која било содржина, како ни за нивната можност за продажба или соодветност за која било определена намена. Во многу случаи, содржината која е достапна на овие интернет страници претставува мислење и оценка на соодветниот давател на информацијата, крајниот корисник или друг корисник кој не е во договорен однос со друштвото Метфил Дооел. Метфил Дооел не ги авторизира тие информации и според тоа не може да биде одговорна за точноста и сигурноста на кое било мислење, совет или изјава која е објавена на prikolki.mk интернет страниците, од страна на кој било, кој не е овластен работник на prikolki.mk или кој не делува по службена должност.

Под какви било услови Метфил Дооел нема да биде одговорен за каква било загуба или штета настаната со тоа што Крајниот корисник се потпрел на информација добиена преку системот на Метфил Дооел. На Крајниот корисник паѓа целата одговорност да ја оцени точноста, комплетноста или корисноста на која било информација, мислење, став, совет или друга содржина која е достапна преку системот на Метфил Дооел. Prikolki.mk содржи линкови на веб-страниците на трети лица кои ги одржуваат други даватели на содржини. Овие линкови се поставени само поради практични причини, а не како потврда од страна на друштвото Метфил Дооел за содржината на страниците на трети лица и со тоа Метфил Дооел изрично негира каква било поврзаност со содржината или точноста на материјалот на интернет страниците на трети лица. Доколку крајниот корисник одлучи да пристапи на веб-страниците на трети лица, тој тоа го прави на сопствена одговорност. Доколку немате потпишано договор со друштвото Метфил Дооел, кој изрично дозволува да го сторите тоа, не смеете да поставите линкови на prikolki.mk интернет страниците од која било друга интернет страница. Метфил Дооел го задржува правото да ја повлече својата дозвола за поставување на кој било линк во коебило време, а според сопствената дискрециона оценка.

14. Разно
Насловите на Поглавјата користени во овие Услови за користење служат само заради полесна ориентација и на кој било начин не влијаат на толкувањето на содржината која се наоѓа во нив. Доколку надлежниот суд пронајде дека која било одредба од овие Услови е ништовна, таквата ништовност нема да влијае на валидноста и важноста на која било друга одредба од овие Услови, и преостанатите делови на овие Услови ќе останат на сила. Доколку која било страна не ги искористи своите права од овие Услови, тоа нема да се смета за откажување или губење на тие права, како ни на коибило други тука наведени права.

Седиштето на друштвото Метфил Дооел е во Кочани, Република Македонија. Правните спорови кои можат да настанат како последица на користењето на овие интернет страници (освен доколку со посебен договор не е предвидено поинаку) се во надлежност на судот во Кочани и се решаваат во согласност со позитивните прописи на Република Македонија. Со користењето на овие интернет страници Крајниот корисник е согласен дека кој било спор или барање кое ќе произлезе или е во врска со овие Услови или во врска со нивното спроведување, е во надлежност на судот во Кочани.

15. Виша сила
Метфил Дооел нема да се смета за одговорен за функционирањето на сајтот во согласност со овие Услови за користење, до степен до кој истото е предизвикано или одложено, делумно или целосно како резултат на настан или серија на настани кои се предизвикани од: (а) временски непогоди или други дејствија на природата или виша сила, (б) војна, тероризам, граѓански нереди или револуции, (в) ембарго или карантин, (г) штајкови, (д) грешка или прекин на компјутерски храдвер, мрежи или софтвер или (ѓ) друг.