Опис за производот

Комплет сет елементи за изработка на поцинкована автотранспортер односно шлеп платформа. Оваа платформа е универзална и одговара за сите марки на возила, како на пример мерцедес, форд, фиат, цитроен, фолксваген, ивеко и други возила кои се само шасија или сандучари, при што откако ќе се отстрани сандукот од возилото.

Платформата е професионална за транспорт на возила и ги исполнува сите стандарди за да може да добиете атест за пренамена на возило.

Во сетот се вклучени следните елементи:

– 4 носачи кои се поврзуваат со шасијата на возилото од 2.5m

– 10 U-профил пречки, кои се ставаат над носачите од 2.2m

– 4 перфомирани стази од 2.5 m со странично цокле од 10cm

– 4 продолжени носачи за издолжување на шасијата од возилото

– 1 канал/браник за поставување на задната сигнализација на возилото

– 2+1 перформирани столбови за обезбедување на кабината од возилото и поставување ротационо светло

– 2 алуминиумски рампи 250cm X 33cm за утовар/истовар на возилата