Сите приколки коишто се до 750 кг спаѓаат во групата на О1 категорија и имаат доживотна регистрација. За да може сопственикот да ја вози приколката потребно е да има Б категорија. Приколките коишто се до 750 кг или во групата на О1 категорија добиваат трета таблица и може исклучиво да ја влече она моторно возило за кое се бара трета таблица. Но, од друга страна приколките од овој тип на категорија не е потребно да се регистрираат секоја година и да купувате нов зелен картон, бидејќи си важи од влечното моторното возило.